Дома Фудбал Позната цената на билетите за натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда

Позната цената на билетите за натпреварот помеѓу Вардар и Црвена Звезда

На 16 април во Скопје Вардар и Црвена Звезда ќе играат натпревар кој ќе има хуманитарен карактер и сите средства од оваа средба ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Вардар денеска информираше дека билетите ќе се продаваат по цена од 200 (северна и источна трибина) и 100 денари (западна и источна).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Исто така клубот информираше дека влезот ќе биде бесплатен за децата од основните училишта во Кочани.

Билетите се уште не се пуштени во продажба и тоа ќе се случи во наредниот период преку онлајн платформа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова ќе се памети долго: Барселона ги понижи Реал среде Мадрид за сите времиња (Видео)

Во рамките на Лигата на шампионите за жени се одигра спектакуларното „Ел Класико“ во кое Б…