Дома Фудбал Познат новинар открива: Роналдо може и да се пензионира!

Познат новинар открива: Роналдо може и да се пензионира!

Фудбалерите на Ал Наср ја завршија сезоната во саудиското првенство со пораз. Во последниот натпревар изгубија на гости против Ал Фатех со 3:2, што значеше дека сезоната ја завршија на третото место на табелата со 70 поени, пет помалку од второпласираниот Ал-Хилал, кој во следната сезона ќе се натпреварува во азиската Лига на шампиони заедно со шампионот Ал-Итихад.

Кристијано Роналдо го постигна својот 25-ти гол во првенството и вкупно 35-ти во сите натпреварувања. Со тоа повторно стана најдобар стрелец на саудиското првенство, а можеби со ова се опростува и од дресот на Ал Наср.

По натпреварот, Роналдо на социјалните мрежи сподели своја фотографија од натпреварот со кратка порака: „Ова поглавје е завршено. Приказната? Се уште се пишува. Благодарен на сите.“

Договорот на Роналдо со Ал Наср истекува на 30 јуни, а фактот дека не е постигнат нов договор, гo потврдува верувањето дека Португалецот се подготвува за заминување по две и пол години во Саудиска Арабија.

Италијанскиот инсајдер за трансфери, Руди Галети, изјави: „Кристијано Роналдо малку ги смири страстите и напомена дека ќе размисли за останување во Ал Наср ако се формира тим кој ќе се бори за титулата. Заминување, па дури и пензионирање се реални опции за Роналдо.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус за 50 милиони евра ќе го реши голманското прашање

Јувентус сè уште нема трајно решение за позицијата на голман. Се соочија со ограничен буџе…