Дома Фудбал Потврдено: Салах изоставен од тимот за мечот со Интер

Потврдено: Салах изоставен од тимот за мечот со Интер

Веста дека Мохамед Салах ќе биде изваден од групата на Ливерпул за утрешното гостување против Интер во Лигата на шампионите се потврди.

Египќанецот, кој создаде големо напрегање во клубот со своето интервју по ремито со Лидс во саботата, нема да патува за Милано со тимот. Сѐ уште не е јасно дали Арне Слот ќе го врати крилото во проширениот состав за натпреварот со Брајтон на „Енфилд“ кон крајот на неделата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој дуел е последниот пред Салах да замине за учеството на Египет на Африканскиот куп на нациите. Самиот играч изјави дека им се јавил на родителите да присуствуваат на средбата со „галебите“, навестувајќи дека овој натпревар може да биде неговото збогување со навивачите.

Инаку, денес Салах учествуваше во отворениот тренинг на Ливерпул, и видно беше добро расположен, а комуникацијата со останатите играчи на тимот од Мерсисайд беше сосема нормална. Меѓу него и менаџерот на тимот Арне Слот, сепак, немаше директна интеракција.

Според повеќето извори на Островот, холандскиот менаџер повторно ја добил целосната поддршка на управата.

Целата реакција на Салах беше предизвикана од одлуката на Слот да го остави на клупата во последните три натпревари на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ откри која репрезентација би ја избрал Хрватска или Босна (Видео)

Во третиот дел од разговорот со во емисијата ‘(Не)успех на шампионите: Специјал со С…