Дома Останати Кошарка Постигнат договор: Избран е наследникот на Обрадовиќ во Партизан!

Постигнат договор: Избран е наследникот на Обрадовиќ во Партизан!

Според информациите од Спорт клуб, „црно-белите“ веќе постигнале договор со италијанскиот стратег Андреа Тринкиери за условите на нивната идна соработка, додека официјализацијата се чека во најповолниот момент.

Тринкиери е без работа откако ова лето доби отказ во Жалгирис, и тоа само 36 часа откако ја освои шампионската титула.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во Каунас, италијанскиот тренер помина година и пол, а претходно, од 2020 до 2023 година, беше на клупата на Баерн.

Тој го водеше Партизан од 2018 до 2020 година, а тимот беше во одлична позиција во АБА лигата и Еврокупот пред сезоната да биде прекината од коронавирусот.

Тринкиери и претседателот Остоја Мијаиловиќ не се разделија во добри односи, а Италијанецот дури го тужеше Партизан за неисплатени плати и ја доби пресудата.

Сепак, сега изгледа дека се создадени услови за нова соработка – Тринкиери е без работа, а Партизан има потреба од квалитетен тренер кој може да го подигне тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.

Следниот натпревар „црно-белите“ го играат во четврток, кога го пречекуваат Баерн во Белградската арена. Моменталниот скор на Партизан во Белградската арена е 4-9.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…