
Младиот фудбалски талент Ламине Јамал не е во центарот на вниманието само поради своите спортски успеси, туку и поради медиумските контроверзии кои во последно време се разгоруваа.
Откако се појавија наведените информации за наводна комуникација со ѕвездата од филмови за возрасни Клаудиа Бавел, Јамал во шпанското шоу TardeAR негираше каква било врска или средба со неа.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Иако не се појави во студиото, беше емитувана негова аудио изјава во која тој изјавува дека ‘не бил заинтересиран за разговор’ и дека средба никогаш не се случила.
Бавел бргу одговори преку социјалните медиуми и ја презентираше својата верзија на случувањата.
“Одлучив да не зборувам за оваа тема во текот на 2025 година, но откако Јамал јавно зборуваше за тоа, сметам дека е исправно да ја споделам мојата страна на приказната”, истакна таа и додаде:
“Навистина, тој побара мојот контакт и инсистираше на средба. Го негира фактот дека сме се сретнале иако сме се виделе на неколку заеднички настани. Никогаш не планирав ништо поврзано со слава или финансиски мотиви. Согласни сме дека никаква официјална средба не се одржа”, изјави таа.
Во емисијата рече дека го прекинала контактот одамна, но исто така додаде дека неодамна добила порака во која Јамал наводно ` се заканил да не изнесува детали за нивните разговори. Посочи и дека има аудио снимки на кои тој предлага да се видат, и покрај возраста.
Да потсетиме, пред неколку дена Јамал беше забележан на одмор со инфлуенсерката Фати Васкез, која е 12 години постара од него.