Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Арсенал на суд поради татко му: Го оставиле кога бил бебе, сега му бараат пари

Поранешниот фудбалер на Арсенал на суд поради татко му: Го оставиле кога бил бебе, сега му бараат пари

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Лукас Перез, отворено раскажа за тешкото детство и семејните проблеми поради кои, како што вели, дури и неговата кариера била загрозена и не се развила како што се очекувало.

Перез (36) некогаш требало да го преземе нападот на Арсенал и да доминира следните години, но ништо од тоа не се случи. На “Емирејтс” одигра само 11 натпревари, даде еден гол и веднаш се врати во својот Депортиво Ла Коруња.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Имено, токму тој клуб го напушти за време на јануари. Причината се, како што вели, семејните проблеми поради кои не можел да се посвети на фудбалот.

Имено, родителите на Лукас Перез го оставиле во дом за деца кога бил двегодишно дете. И покрај тоа што пораснал сам, по потписот за Арсенал, неговите родители постојано му барале пари.

Татко му дури предал случај на суд, барајќи финансиска поддршка до крајот на животот.

“Ме одгледаа дедо ми и баба ми од таткова страна. Кога имав две години, родителите ме оставија во дом затоа што не можеа или не сакаа да се грижат за мене. Оваа сезона добив тужба од татко ми во која бара да плаќам издржување до крајот на животот”, рече Перез и продолжи:

“Од тогаш поминав неколку месеци додека не го напуштив Депортиво со многу стрес и анксиозност затоа што поминав многу тежок период во животот. Кога потпишав за Арсенал, мајка ми ми побара пари. Имав среќа што ги имав баба ми и дедо ми, но ни тие не можеа да ме издржуваат колку што ни требаше”, додаде Шпанецот.

Во меѓувреме, Перез потпиша за ПСВ Ајндховен и ќе бара шанса од клупата да покаже што знае до крајот на сезоната. Исто така, тука ќе му биде соиграч младиот репрезентативец на БиХ, Есмир Бајрактаревиќ, со кој можеби и ќе ја дели минутажата.

“Заминувам од Шпанија бидејќи проблемот со татко ми продолжи. Го сретнав неколку пати овој Божиќ и тоа не беше пријатно искуство. Се имајќи предвид дека клубот не ме поддржуваше и не почувствував дека имам важност, одлучив да бидам искрен и со тага им соопштив дека се разделуваме. Разговарав со клубот”, додаде.

На крај, Перез нагласи дека би сакал и натаму да биде во добри односи со татко му, но дека е навикнат да живее без него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Салах го држеше Гвардиол како мало дете“

Легендата на Манчестер Јунајтед и еден од најпознатите фудбалски коментатори, Гери Невил, …