Дома Фудбал Поранешна ѕвезда на Барселона оди на суд поради милионска измама

Поранешна ѕвезда на Барселона оди на суд поради милионска измама

Според информациите на „PandoraTech News“, кои се повикуваат на „Decrypt“, Петтиот окружен суд во Барселона спроведува истрага за случај на измама со криптовалути во кој се вклучени професионални фудбалери.

Станува збор за платформа на NFT проектот Shirtum, заеднички шпанско-аргентински потфат кој некогаш тврдел дека сака да создаде интерактивна навивачка заедница преку издавање на NFT поврзани со правата за користење на сликата на фудбалските ѕвезди.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


NFT (non-fungible token), односно незаменлив токен, претставува дигитален запис на блокчејнот што докажува сопственост на уникатен дигитален предмет. За разлика од класичните криптовалути како биткоин или етереум, кои се меѓусебно заменливи (1 биткоин секогаш вреди колку и друг биткоин), секој NFT е уникатен и не може да се замени за друг NFT со иста вредност.

Истрагата утврдила дека компанијата собирала инвестиции преку лажно огласување и поддршка од познати фудбалери, со сомнение дека вкупната сума на измамата надминува 3.4 милиони долари. Во случајот се вклучени шест играчи, меѓу кои се светските прваци Папу Гомез и Лукас Окампос, поранешните играчи на Барселона Иван Ракитиќ, Јавиер Савиола, Нико Пареја и Алберто Морено.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потег во очај или вистинска одлука? Гатузо треба да биде спасител на Италија

Џенаро Гатузо, Џанлуиџи Буфон, Џанлука Замброта, Леонардо Бонучи и Андреа Барѕаљи – …