
Дуелот помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид беше обележан од голот на Вирџил ван Дајк за нова победа на Црвените во продолжението на оваа сезона, но и конфликтот на Диего Симеоне со навивачите на Ливерпул. Ново светло на целата вечер фрла истрагата поради наводите дека еден од помошниците на Симеоне плукнал навивач на Ливерпул.
Симеоне спомна на прес-конференцијата и расизам, а се огласи и навивач кој тврди дека не било никакви расистички навреди, но и дека помошникот на Симеоне го плукнал.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
И за тоа, како што се покажало – постои и снимка на која се гледа како за време на инцидентот по голот на Ван Дајк еден од помошниците на Симеоне плука кон навивачите.
Откако инцидентот ќе биде истражен по сите протоколи, можно е да се очекува реакција од УЕФА. Од Атлетико најавија дека ќе спроведат истрага и тие, но нема да се огласуваат јавно по ова прашање.