
Селекторот на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави Маурисио Покетино изјави дека неговото враќање на позицијата тренер на Тотенхем во моментот „не е реално”.
„Денес тоа не е реално. Погледнете каде сме јас и мојот тим. Одговорот е многу јасен”, навел Покетино, пренесе денес Би-Би-Си (BBC).
Тотенхем го разреши тренерот Анге Постекоглу во петокот, кој во мај ја освои титулата првак на Лига Европа, првиот трофеј на клубот во поголемо натпреварување од 2008 година.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Покрај тренерот на Брентфорд Томас Франк и шефот на стручниот штаб на Фулам Марко Силва, Покетино беше споменат и како еден од кандидатите да го замени Постекоглу на клупата на Тотенхем.
Фото: Принтскрин