
Повеќе од четири години по смртта на аргентинската фудбалска икона Диего Марадона, во вторникот започнува судењето на седум здравствени работници за немарност, која можеби довела до неговата смрт.
Се очекува судењето во Сан Исидро, предградие на Буенос Аирес, да трае до средината на јули со сослушување на речиси 120 сведоци, вклучувајќи семејство, експерти и лекарите на Марадона во текот на годините, тврди агенцијата AFP.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Обвинетите се казнено гони за „убиство со конечна намера“, кога лицето врши немарен чин знаејќи дека тоа може да предизвика смрт на некого. Им се заканува од 8 до 25 години затвор. Обвинети се неврохирургот Леопог Лук, психијатарката Агусина Косачова, психологот Карлос Дијаз, медицинската координаторка Ненси Форлини, координаторот за медицинските сестри Маријано Перони, клиничкиот лекар Педро Пабло Ди Спагња и медицинската сестра Рикарда Алмирона.
Осудувачкиот медицински извештај од средината на 2021 година сугерираше дека третманот на Марадона бил „неадекватен, недостаточен и непромислен“, што довело до „продолжен период на агонија“ што траел неколку часа пред тој да биде пронајден починат.
Диего Армандо Марадона почина од кардиореспираторна криза на 25 ноември 2020 година, на возраст од 60 години, сам во медицински кревет во приватна резиденција во Тигре, каде што се опоравуваше по неврохируршки зафат заради хематом на главата.
По ноќниот негувател кој добил наредба да не го буде, починат го пронашла дневната негувателка.
Аргентинската икона и легенда на светскиот фудбал страдала од повеќе патологии – проблеми со бубрезите, црниот дроб, срцева слабост, невролошко влошување и зависност од алкохол и психотропни лекови.
Неговата смрт ја фрли Аргентина во бескрајна тага, тридневна национална жалост и сцени на неутешна почит од десетици илјади фанови на погребното бдеење во претседателската палата.
Четири години по неговата смрт, Марадона сè уште е „жив“, со бројни споменици во неколку земји, украсен е на безброј мурали и тетоважи во Аргентина, е предмет на бројни изложби, а наскоро неговите останки ќе бидат префрлени од приватно гробиште, 35 километри од Буенос Аирес, во мавзолеј во срцето на главниот град.
Неговите ќерки Далма и Џанина, на крајот од 2024 година го претставија идниот „Меморијал М10“, кој има за цел да го постави татко им „во близина на љубовта на народот и да ја исполни желбата на сите кои сакаат да му донесат цвет“.
Се очекува мавзолејот да биде отворен оваа година на 1.000 м2 во туристичката четврт Пуерто Мадеро, со капацитет за сместување на милион посетители годишно, а за Аргентинците ќе биде бесплатен.