Дома Останати Кошарка Перо Антиќ брзо ѝ се врати на кошарката – има нова улога!

Перо Антиќ брзо ѝ се врати на кошарката – има нова улога!

Поранешниот македонски кошаркар и поранешен репрезентативец Перо Антиќ повторно се враќа во кошаркарските води, но овојпат во нова улога како амбасадор на клубот Игокеа.

Информацијата ја потврди генералниот менаџер на клубот, Игор Додик, кој истакна дека искуството и личноста на Антиќ ќе имаат значајно влијание врз клубот и неговата спортска заедница.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Неговата харизма, професионалност и спортски менталитет ќе бидат дополнителна мотивација за сите што се дел од нашиот систем“, порача Додик.

Така Антиќ повторно брзо се враќа на кошарката по периодот кога беше на чело на Кошаркарската федерација на Македонија од каде што се повлече пред нешто помалку од една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ со историски рекорд: Српскиот маестро ги руши рекордите од пред 65 години!

Никола Јокиќ продолжува да го трансформира концептот на кошарка во најсилната лига во свет…