Дома Фудбал Перез: Родри ја заслужи Златната топка, но за 2023 година

Перез: Родри ја заслужи Златната топка, но за 2023 година

Претседателот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Флорентино Перез ги критикуваше водечките тела на светскиот фудбал, потврдувајќи ја својата поддршка за Супер лигата, натпреварувачки проект кој беше замислен како замена за Лигата на шампионите.

Во својот воведен говор на отворањето на Генералното собрание на клубот, Перез директно ги обвини Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) дека парите им се најважна работа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ФИФА го зголеми бројот на репрезентативни паузи, а УЕФА го зголеми бројот на натпревари во своите натпреварувања. УЕФА пред десет години организираше 488 натпревари, денес 760, се со цел да заработи повеќе. Тие не се грижат за играчите. Тие не мислат дека тој спорт мора да биде одржлив“, изјави 77-годишниот претседател на мадридскиот клуб.

Перез ја обвини и УЕФА за местење во неодамнешното доделување на Златната топка, награда која му се доделува на најдобриот фудбалер на крајот од сезоната. Наградата оваа сезона отиде во рацете на Родриго од Манчестер Сити.

„Родри е одличен играч и тоа од Мадрид. Ја заслужи Златната топка, но онаа минатата година, каде што постигна гол во финалето на Лигата на шампионите. Оваа награда сега требаше да оди кај играч на Реал Мадрид“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …