Дома Фудбал Перез ќе го одврзе ќесето: Алонсо сака засилување од 100 милиони евра

Перез ќе го одврзе ќесето: Алонсо сака засилување од 100 милиони евра

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо активно работи и на создавање тим за иднината, при што веќе има конкретни трансфер планови.

Меѓу имињата кои се наоѓаат високо на неговата листа на желби е младиот турски талент Кенан Јилдиз, кој се смета за еден од најперспективните фудбалери во Европа и веќе го привлече вниманието на неколку големи клубови.

„Чаби Алонсо е решен да го донесе Јилдиз во Реал Мадрид. Подготвен е да направи големи кадровски промени во составот – единствен кој е недопирлив е Мбапе. Јувентус во моментов го вреднува Јилдиз на околу 100 милиони евра“, открива Бранкини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: „Ливерпул ќе биде среќен“ – Вирц блеска од радост

Флоријан Вирц постигна гол во победата на Германија против Србија, а Јирген Клоп верува де…