Дома Фудбал Падна одлука за Аморим – се огласи Ратклиф

Падна одлука за Аморим – се огласи Ратклиф

Серијата на лоши резултати, иако прекината со победата над Сандерленд (2:0) во последното коло од Премиер лигата, ги разгоре гласините за смена на тренерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим. Сепак, сега од Островот пристигнуваат различни информации за статусот на Португалецот.

Еден од сувласниците на Манчестер јунајтед, сер Џим Ретклиф, потврди дека Аморим нема да биде отпуштен, и покрај слабите резултати на почетокот на сезоната. Минатата година, португалскиот стратег дојде на Олд Трафорд како спасител на клубот, но тимот продолжи со слаби настапи и рушење на негативни рекорди. Сепак, раководството на „Театарот на соништата“ не планира да го промени тренерот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Говорејќи за “The Business Podcast”, Ретклиф беше јасен во однос на иднината на Аморим.

Дали ќе го отпуштам Аморим ако Глејзер го побара тоа? Тоа нема да се случи. Аморим ќе ја докаже својата вредност во рок од три години кај Манчестер јунајтед. Сакам да го покаже тоа во тој период, изјави Ретклиф.

Ретклиф нагласи дека клуб од рангот на Јунајтед не може да се води врз основа на притисокот од јавноста и медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пристигнаа провокации за Србите: Имаат само неколку квалитетни фудбалери, немаат тим

Претседателот на Фудбалската федерација на Албанија, Арманд Дука, е убеден дека неговиот т…