Дома Топ вести Oфицијално: Шаќири има нов клуб

Oфицијално: Шаќири има нов клуб

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири после само пола година одлучи да го напушти Лион.

Шаќири во финишот од летниот преоден рок го напушти Ливерпул и одлучи кариерата да ја продолжи во Лион, но кратко се задржа во францускиот клуб. Швајцарецот беше прилично стандарден оваа сезона и многумина се изненадени од одлуката кариерата да ја продолжи во САД.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Шаќири потпиша за Чикаго Фајр. Американскиот клуб го потврди неговиот трансфер и го претстави како големо засилување. Сезоната во МЛС лигата започнува идниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…