Toa што беше најавено во претходните неколку дена денес доби и официјална потврда – шампионот на Италија во иднина може да се решава преку мајсторка.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На денешниот состанок на Италијанската Фудбалска Асоцијација се потврди одлуката шампионот во случај двете екипи да имаат исто бодови да се решава преку плеј-оф натпревар.




Според досегашните правила во Италија во ситуација на ист број бодови решаваа меѓусебните дуели, но од наредната сезона се воведува мајсторката. Треба да се спомене и дека ако тој натпревар заврши со реми, нема да има продолженија туку веднаш ќе се изведуваат пенали.




За многумина ова ќе донесе поголема возбуда, но има и такви кои ја критикуваат оваа одлука. Во историјата на италијанскиот фудбал шампионот со мајсторка се решавал само еднаш и тоа во далечната 1964 година кога Болоња беше подобра од Интер со 2:0.