Дома Трансфер зона Oфицијално: Мунтари ќе соработува со Сидорф

Oфицијално: Мунтари ќе соработува со Сидорф

Поранешниот репрезентативец на Гана, Сали Мунтари и официјално потпиша договор со екипата која ја предводи Кларен Сидорф.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мунтари пристигна на проба во екипата на Депортиво, а очигледно по неколку неделната проба ги задоволи апетите на шпанскиот клуб.

Да потсетиме, играчот од средината беше без клуб откако минатата лето си замина од Пескара, а на Депортиво ќе се обиде да му помогне да избори опстанок.

Тимот кој од неодамна го предводи Сидорф се наоѓа на претпоследното место во шпанското првенство со 17 освоени бодови и во овој момент има три бода помалку од сигурната зона.

Фудбалерот од Гана до сега во својата кариера настапуваше за Удинезе, Портсмунт, Интер, Сандерленд, Милан, Итихад и Пескара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…