Дома Фудбал Овој Милан ветува: „Росонерите“ ваков старт на сезоната немале 20 години!

Овој Милан ветува: „Росонерите“ ваков старт на сезоната немале 20 години!

Фудбалерите на Милан досега одиграа шест натпревари во Серија А, а статистичарите извлекоа податок што покажува дека тимот е одбранбено силен. Екипата под водство на Масимилијано Алегри, а Лука Модриќ како лидер од средината на теренот, моментално е на третото место на табелата во италијанското првенство. Досега примила само три гола, а Рома е единствениот тим во лигата што примил помалку голови од нив (2).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Она што особено се забележува е дека во шестте одиграни натпревари, Милан дури четири пати успеал да ја сочува својата мрежа недопрена. Откако победата се наградува со три бода (сезоната 1994/1995), црвено-црните од Сан Сиро го постигнале ова само еднаш, во сезоната 2006/2007. Компанијата Опта, која се занимава со спортска аналитика, го опишува овој Милан како тежок за пробивање и го нарекува „ѕид”.

Лигашки натпревари на Милан оваа сезона:

  1. коло: Милан – Кремонезе 1:2
  2. коло: Лече – Милан 0:2
  3. коло: Милан – Болоња 1:0
  4. коло: Удинезе – Милан 0:3
  5. коло: Милан – Наполи 2:1
  6. коло: Јувентус – Милан 0:0

Модриќ, кој пристигна во Милан пред почетокот на сезоната, досега ги одигра сите шест лига натпревари за својот нов клуб. Од можните 540 минути, тој одигра 516, асистираше против Лече и беше стрелец за победа против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Италијанските медиуми објавија дека полскиот напаѓач и играч на Барселона Роберт Левандовс…