Ракометната репрезентација на Хрватска синоќа имаше многу тежок пораз од Египет во борбата за првото место во прелиминарната рунда на натпреварувањето, а јунак беше искусниот голман на африканскиот состав Мохамед Али.
Хрватска и Египет синоќа во Арена Загреб играа финален меч од прелиминарната рунда на Светското првенство. Иако и двете селекции со по две победи во првите две натпревари го обезбедија пласманот понатаму, меѓусебниот дуел помеѓу Хрватите и Египќаните беше повеќе од важен.
Селекциите се бореа за првото место во групата, пренесувајќи два бода повеќе во следната фаза и така значително полесен пат кон финалната рунда на натпреварувањето. Во таа борба Египет сосема заслужено славеше со резултат од 28:24, приредувајќи вистинска сензација среде Загреб.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Најголемиот јунак на овој африкански состав беше голманот кој носи славно спортско име. Мохамед Али, голман на лисабонскиот Спортинг, се истакна од првата до последната минута и со своите интервенции ги доведуваше до лудило стрелците на Каубоите.
Голманот со тежина од 135 килограми одбрани дури 14 удари од хрватските ракометари и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот.
Освен 14-те одбрани на Али, Египќаните за победата можат да им се заблагодарат и на Јахија Омар кој постигна шест, како и на Сеиф Елдерааи кој постигна пет голови.