Златан Ибрахимовиќ, фудбалска ѕвезда и Хелена, жена која го освои со својата независност и став. Нивната врска која трае веќе две децении е доказ дека вистинската љубов не познава граници и години.
Судбоносната средба на паркинг во Малме во 2002 година беше почеток на нивната романтична приказна. Иако различни по возраст и животни ситуации, Златан и Хелена најдоа заеднички јазик и изградија семејство со две деца.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога го запознав Златан, имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме храни. Бев независна, а тој дури и не беше мој тип на маж“, откри Хелена во интервју за „Elle“ во 2010 година.
Иако на почетокот имаше несогласувања поради разликата во годините, Златан и Хелена со текот на времето изградија силна врска. Убавината, интелигенцијата и решителниот став на Хелена беа предизвик за Златан, и тие се покажаа како темел на долгорочна среќа и стабилност.
Од бракот на Златан и Хелена се родија два сина, Максимилијан и Винсент.