Дома Фудбал Ова би било потрес во светскиот фудбал: Перез е подготве да го направи најлудиот потег во историјата!

Ова би било потрес во светскиот фудбал: Перез е подготве да го направи најлудиот потег во историјата!

Реал Мадрид беше ограбен пред целиот свет во саботата од Осасуна, каде освоија само бод (1:1), но се соочија со низа контроверзни одлуки на судијата Хосе Луис Мунуера Монтеро.

Мадридците тврдат дека Мунуера ги уништил со одлуките и дека им ја украл победата. Како што велат, не им досудил неколку чисти пенали, а кулминација беше одлуката да го исклучи Џуд Белингам во 39-та минута.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец нешто му приговарал на Мунуера, кој очигледно погрешно го разбрал играчот на Реал и му покажал црвен картон. Карло Анчелоти тврди дека Мунуера не е добар со англискиот јазик и дека Белингамовото “fuck off” го сфатил како “fuck you”. Белингам ќе се одмори неколку натпревари, но во Мадрид не можат да се помират со тоа што им го прават судиите.

По новите тензии, Реал го губи трпението, а шпанскиот весник Sport тврди дека Флорентино Перез е подготвен на неверојатен потег, иако тоа не ни изгледа толку реално…

Имено, Кралевите не ја исклучуваат можноста да ја напуштат Ла Лига! Новинарите од Sport тврдат дека Реал размислува да побара “азил” за преселба во некоја друга европска лига. Можат да заиграат во италијанската Серија А, француската Лига 1, германската Бундеслига. Да, звучи неверојатно, но ваква можност навистина се појавила.

Секако, во теорија тоа изгледа и остварливо, но во пракса е многу потешко. Мадридците би морале да добијат многу дозволи, па да добијат и зелено светло од UEFA, со која и не се во добри односи поради тоа што Перез е еден од иницијаторите на идејата за Суперлига.

Во Мадрид се подготвени да преземат некои радикални потези, но напуштањето на Ла Лига би била вистинска експлозија, сепак сето ова повеќе личи на обид на Реал да го заплаши раководството на Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола има фаворити во ЛШ: Издвои четири екипи, една е изненадување

Манчестер Сити испадна многу порано отколку што очекуваа многумина. Пеп Гвардиола му оддад…