Дома Фудбал Откриени детали од обдукцијата на Марадона. Ќерката во судницата не можеше да ги гледа фотографиите.

Откриени детали од обдукцијата на Марадона. Ќерката во судницата не можеше да ги гледа фотографиите.

Марадона умрел во агонија од белодробен едем и болест на срцевиот мускул, кажа медицинскиот вештак на судењето на седуммина медицински лица обвинети за негрижа што довела до неговата смрт. Обвинетите во Буенос Аирес се гонат казнено за “убиство со конечна намера”, кога лицето извршува небрежност знаејќи дека тоа може да доведе до нечие умирање.

На нив им се заканува затворска казна од осум до 25 години. Обвинети се неврохирургот Леополд Луке, психијатријката Агустина Косашова, психологот Карлос Диаз, медицинскиот координатор Нанси Форлини, координаторот за медицински сестри Маријано Перони, клиничкиот лекар Педро Пабло Ди Шпагна и медицинската сестра Рикарда Алмирона.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Резултатите од обдукцијата на поранешната фудбалска ѕвезда првпат беа објавени во јавноста и откриваат дека Аргентинецот умрел од акутен белодробен едем и болест на срцевиот мускул.

“Марадоновото срце тежело речиси двојно повеќе од нормалното”, рече форензичарот Маурицио Касинели додавајќи дека водата се акумулирала во белите дробови “најмалку 10 дена” пред неговата смрт, што морало да предизвика “агонија” најмалку 12 часа пред смртта.

“Докторите и медицинските сестри кои се грижеле за него требало тоа да го забележат”, рече Касинели, кој има 36 години искуство и повеќе од осум илјади извршени обдукции. Исто така, опиша “болни бубрези” и знаци на нефроангиосклероза, состојба која ги зафаќа крвните садови на бубрезите. Покрај тоа, презентираше и докази за цироза на црниот дроб.

На ќерката на Марадона, Јана, ѝ беше премногу тешко да го следи исказот, па ја напушти судницата пред да бидат прикажани експлицитните слики. Новинарите мораа да ги одложат мобилните телефони и беа предупредени дека снимањето е забрането.

По барање на одбраната на обвинетите, форензичкиот експерт Пабло Ферари, официјален експерт на Врховниот суд на Аргентина во провинцијата Буенос Аирес, изврши посебна обдукција минатата година, спорејќи ги заклучоците изнесени од Касинели. Ферариевиот извештај од 25 страници тврди дека Марадоновата “болна состојба траела само неколку минути или, најмногу, неколку часа”.

Судењето треба да трае најмалку до средината на јули, а во тој период ќе бидат сослушани 192 сведоци. Сите обвинети негираат кривица. Марадона неколку недели пред смртта беше подложен на операција на мозокот и почина на 25 ноември 2020 година во приватната резиденција на северниот дел од Буенос Аирес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер пред сериозен тест: Барела добил понуда која тешко се одбива!

Николо Барела веќе неколку години е еден од најдобрите фудбалери на Интер и италијанската …