
Откако испадна и од Купот на Кралот, дополнувајќи го тоа со тешко прифатената елиминација од Лигата на шампионите по два порази од Арсенал, Реал Мадрид се подготвува за мала револуција на крајот од сезоната.
Напуштањето на Карло Анчелоти и замената со Чаби Алонсо, што се смета за скоро сигурно, ќе биде проследено со барем пет трансфери: на три позиции во одбраната и две во средниот ред.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Иако уште се надева да го симне од тронот Барселона барем во првенството и да ја спаси сезоната со титула во Ла Лига, Флорентино Перес има нацртано список со проблематичните позиции и играчите кои вреди да се привлечат летово, за да внесат нов живот во тимот. Мадридците изгледаат лишени од идентитет и како збир од ѕвезди, без да се видат како вистински колектив на теренот.
Чаби Алонсо ќе понуди флексибилен систем кој може да варира од 3-4-2-1 до 4-2-3-1 или дури и 4-3-3. Затоа е важно за него да има играчи кои можат да играат на неколку позиции. Во списокот, откриен од еден од навивачките сајтови на тимот од “Сантијаго Бернабеу”, се содржат седум имиња:
„Александер-Арнолд, за кого се смета дека веќе има постигнато целосен договор и сигурно ќе пристигне на Сантијаго Бернабеу, Мартин Субименди, Мигел Гутиерес, еден централен одбранбен играч (Дин Хујсен, Јонатан Та или Ибрахима Конате) и Нико Пас се играчите кои го убедуваат Чаби Алонсо во перспективата на неговиот нов проект, бидејќи неговите крила понекогаш се бочни одбранбени играчи, па дури и внатрешни полуфудбалери, што повеќе одговара на стилот на Мигел отколку на тој на ‘чуварот’ како Менди.