Дома Фудбал Остра порака од Бенфика пред мечот во Мадрид: Реал е гигант, но судијата…

Остра порака од Бенфика пред мечот во Мадрид: Реал е гигант, но судијата…

Последните четири реванш двојки од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат вечерва, а многу страсти би можеле да се запалат во дуелот помеѓу Реал Мадрид и Бенфика.

Првиот натпревар во Лисабон заврши со резултат 1:0 за Реал, но со многу тензии.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Винисиус ги провоцираше навивачите на Бенфика, потоа навивачите го навредуваа Винисиус на расна основа, па мечот беше кратко прекинат.

На крајот Жозе Мурињо доби црвен картон поради приговори на судиите.

Многу тензии се подигаат и пред реваншот, а Мурињо не беше на прес-конференцијата пред натпреварот.

На прес-конференцијата од Бенфика беше присутен помошниот тренер Жоао Тралхао.

„Очекувам фер судење, мислам дека тоа е јасно на сите,” изјави Тралхао и додаде:

„Поинаку очекувавме на домашен терен и мислам дека во Мадрид ќе биде многу подобро. Реал е великан, но судијата треба да ги почитува и двата тима.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луда акција на навивачите на Торино: Оставија еден куп измет пред клупските простории (Видео)

Навивачите на Торино спроведоа ноќен протест на влезот од клупскиот тренинг камп, така што…