
Виктор Осимен во понеделникот, 5 јануари, го постигна својот прв дупли гол во историјата на настапите на Африканскиот куп на нации, а Нигерија лесно го прегази Мозамбик со 4:0 во осминафиналето.
Сепак, натпреварот кој требаше да биде славеничко завршил прилично горко за првата ѕвезда на Супер Орлите.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Осимен лут го напушти теренот по жешката расправија со Адемола Лукман, незадоволен затоа што соиграчот во една ветувачка ситуација не му ја додаде топката.
Според извештаите на нигериските медиуми, напаѓачот на Галатасарај по конфликтот ја оставил акредитацијата и се заканил со целосно напуштање на репрезентацијата на Нигерија на АФКОН.
Осимен, наводно, веднаш по натпреварот ја напуштил соблекувалната и самиот седнал во тимскиот автобус додека неговите соиграчи останале внатре завршувајќи со медиумските обврски.
Сведоци тврдат дека особено забележително било отсуството на каков било обид некој да го смири или барем да провери како се чувствува, иако станува збор за заменик капитен.