Дома Фудбал Онанa има големо срце: Голманот на Јунајтед им помага на луѓето низ Африка, а сега е награден за неговата хуманитарна работа

Онанa има големо срце: Голманот на Јунајтед им помага на луѓето низ Африка, а сега е награден за неговата хуманитарна работа

Камерунскиот голман на Манчестер Јунајтед, Андре Онана е добитник на овогодинешната награда на Меѓународниот сојуз на професионални фудбалери (ФИФПРО) за хуманитарна работа.

Неговата фондација обезбедува бесплатни медицински услуги и операции низ Африка, помагајќи им на речиси 500 деца годишно, се вели во соопштението на ФИФПРО на социјалната мрежа Х.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ФИФПРО донираше 10.000 долари на фондацијата на камерунскиот голман.

На пат за Манчестер поминав низ Барселона, Амстердам и Милано. Попатно запознав луѓе кои ми помогнаа да станам. Никогаш не ја заборавив помошта што ја добив и затоа чувствувам одговорност да им помагам на другите – изјави Онана.

Кога ја основав фондацијата Андре Онанa, идејата беше да им помогнам на слепите деца во Камерун, додаде голманот на Манчестер Јунајтед.

Добивме голема поддршка и оттогаш таа прерасна и стана невладина организација која дава услуги за деца и возрасни од сиромашните заедници. Донесуваме лекари и хирурзи, главно од Шпанија, да оперираат во Африка.

Во јули оваа година, им помогнавме на над 350 луѓе во Јаунде. Во последните три години направивме над 1.200 операции – додаде Онана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка сорабо…