Дома Фудбал Официјално: Мо Салах потпиша нов договор со Ливерпул

Официјално: Мо Салах потпиша нов договор со Ливерпул

Мо Салах потпиша нов двегодишен договор со Ливерпул.

“Секако дека сум возбуден. Имаме одличен тим. Го продолжив договорот затоа што мислам дека имаме шанса да освоиме многу трофеи и затоа што уживам да играм фудбал во Ливерпул.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Одлично е, тука ги имав моите најдобри години. Веќе 8 години сум во тимот и се надевам дека ќе бидат 10. Уживам во животот тука, уживам во фудбалот.

Сакам да им кажам на навивачите дека сум многу, многу среќен што сум тука. Верувам дека заедно можеме да освоиме уште многу трофеи.

Продолжете со поддршката, ние ќе продолжиме да даваме сѐ од себе и во иднина се надевам дека ќе освоиме уште многу трофеи”, изјави Салах по потпишувањето на новиот договор.

Овие денови се очекува нов договор да потпише и капитенот Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Реал стигна до првата победа на клупското СП

ФУДБАЛЕРИТЕ на Реал го забележаа својот прв успех на Светското клупско првенство. Во натпр…