Дома Фудбал Официјално: Леон Бејли е нов играч на Рома

Официјално: Леон Бејли е нов играч на Рома

Леон Бејли, крило од Астон Вила и репрезентативец на Јамајка, следната сезона ќе ги брани боите на АС Рома. Италијанскиот клуб потврди дека договорот содржи опција за откуп, со што Бејли би можел трајно да остане во Рим по позајмицата.

Пред да се приклучи на Астон Вила во 2021 година, Бејли имаше настапи за Генк и Бајер Леверкузен, каде што стекна репутација на брз и технички одличен крилен фудбалер. Минатата сезона за англискиот клуб одигра 38 натпревари и постигна два гола.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Договорот со Астон Вила му трае до летото 2027 година, со можност за продолжување за уште една година, но засега кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Во Рома, Бејли ќе го носи дресот со број 31, а можеби веќе следниот викенд ќе го има своето деби. Рома ја отвора сезоната со натпревар против Болоња, во сабота од 20:45 часот на Стадионот Олимпико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија сакаше да се тепа со судија! (Видео)

Вечерва се случи скандал во македонското футсал првенство кој тренерот на Форца, но и селе…