Дома Фудбал Официјално: Србија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство во фудбал!

Официјално: Србија и Албанија заедно ќе организираат Европско првенство во фудбал!

Сега е официјално, Србија и Албанија ќе го организираат Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година! Информацијата ја потврди Европската куќа на фудбалот УЕФА на нејзината официјална веб-страница.

Отворањето на натпреварувањето ќе биде во Србија на стадионот во Нови Сад, а финалето ќе биде во Тирана на националниот стадион, затоа што според критериумите на УЕФА одговара за финале на вакво натпреварување, бидејќи планираниот Национален стадион кој треба да биде изграден во Белград не може да биде во конкуренција, бидејќи УЕФА налага дека тој мора да биде во употреба најмалку една година за да може да конкурира за финале.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Србија, натпреварувањата ќе се одржат покрај на Караџорѓе во Нови Сад и на три нови стадиони, во Лозница, Зајечар и Лесковац.

Градовите домаќини во Албанија ќе бидат Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакуларен гол на стартот од сезоната: Погоди од половина терен (Видео)

Олимпија доживеа пораз од Копер со 1:3 на домашен терен во петтото коло од Првата словенск…