Дома Останати Тенис Од Рим најавуваат големо враќање на Јаник Синер

Од Рим најавуваат големо враќање на Јаник Синер

Организаторите на Отвореното првенство на Италија во Рим ја објавија листата на учесници за мастерсот во главниот град на оваа Апенина држава.

Најголемо внимание привлече враќањето на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, кој за првпат ќе игра тенис откако беше казнет за допинг од почетокот на февруари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синер ја доби казната по Австралија Опен, кој го освои во јануари, и оттогаш не се појави на теренот.

Петиот, последен мастерс во сезоната треба да ги собере сите 78 најдобри тенисери во светот, доколку не се случат непланирани откажувања, па така ќе гледаме и нова борба на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој го освоил овој турнир на земја дури шест пати.

Во конкуренција за трофејот ќе бидат и Александер Зверев и Карлос Алкараз, но сè ќе биде појасно по завршувањето на турнирот во Монтекарло.

Фото: Јаник Синер/Инстаграм

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова се двајцата потенцијални нови тренери на Алкараз: Едниот играл 21 пат против Ѓоковиќ, другиот бил прв во светот

По објавата дека Хуан Карлос Фереро веќе не е тренер на Карлос Алкараз, многу тениски експ…