Дома Фудбал Oд денеска на сила стапува правилото кое се воведе поради Винисиус!

Oд денеска на сила стапува правилото кое се воведе поради Винисиус!

Светската фудбалска организација предложи пред нешто повеќе од два месеци нови правила, кои на специјален состанок во Ванкувер беа едногласно усвоени од IFAB.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


IFAB е кратенка за International Football Association Board или Меѓународен одбор на фудбалски федерации.

Оваа организација потврди имплементација на новите регулативи, кои од денес важат за Светското првенство, што почнува со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка во 21 часот, според извештајот на El Mundo.

Усвоеното правило е наречено „Лекс Винисиус“ или „Закон за Винисиус“. Согласно оваа одредба, секој кој ќе покрие уста за да му каже нешто на противник, ќе добие црвен картон. Ова беше претходно најавено од Џани Инфантино.

Претседателот на ФИФА беше за спроведување на оваа мерка, која сега успешно ја воведе. Мотивацијата за овој потег беше инцидентот во февруари на мечот меѓу Бенфика и Реал во Лигата на шампионите.

Во тој меч, Винисиус и Мбапе обвинија дека Џанлука Престијани го нарекувал бразилецот од Реал како „мајмун“, но овој израз не можеше да биде прочитан, бидејќи Престијани ги покрил усните со дресот кога го изговарал наводниот расистички коментар.

Аргентинецот од Бенфика подоцна беше суспендиран на три меча, но поради други хомофобични забелешки. Сепак, овој инцидент го забрза донесувањето на новото правило, кое беше решено на последното собрание во февруари, веднаш по дуелот меѓу Бенфика и Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино: Ако требаше ќе возев автобус до Техеран по Иранците!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави пред претстојното Светско првенство дека инт…