Дома Останати Кошарка Обрадовиќ покажа среден прст додека зборуваше за судиите (Видео)

Обрадовиќ покажа среден прст додека зборуваше за судиите (Видео)

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, ги критикуваше судиите по поразот од Црвена звезда во вечниот дерби (84:89).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дербито во Белградската арена го судеа Урош Николиќ, Томислав Хордов и Лука Кардум, кои му дадоа техничка дури и на најтрофејниот европски тренер на сите времиња.

По мечот, на конференцијата за печат, Обрадовиќ објасни што се случило:

„Треба да се биде чесен и да се каже дека ние некои ситуации лошо ги решивме, но повторувам уште еднаш – имаше и други ситуации. Еве на пример, да се вратам на техничката што беше мени судена. Јас дури на англиски зборував. Бидејќи тоа е навика“, рече тој.

Во еден момент додека зборуваше на таа тема, покажа среден прст. Навивачите тоа веднаш го забележаа и тој дел стана вирален.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Марјановиќ збесна во Словенија – тргна да ги тепа навивачите (Видео)

Бобан Марјановиќ направи одлична кариера, и досега таа беше без ниедна дамка. Сепак, на на…