Никола Илиевски Џиџи ќе биде нов тренер на ГФК Охрид, објави порталот „Охридњуз“.
Поранешниот македонски селектор договорил соработка на една година со можност за продолжување на договорот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од раководителите на клубот од Втората македонска лига Данчо Целески и со изјава за „Охридњуз“ ја потврдил веста.
„Со носењето на потврдено фудбалско име со интернационално и селекторско искуство го пополнуваме испразнетото тренерско место во клубот што можеби беше и наша најслаба точка.
Очекуваме со ангажманот на Илевски подобрување на перформансите на екипата што заедно со заложбите за квалитетни засилувања, согласно нашите можности, и ростерот на охридски погон, треба да ни донесе напредок како во играта, така и во резултатите, изјави за Охридњуз Данчо Целски, еден од раководителите на ГФК Охрид.