Дома Македонски спорт Мак фудбал Џиџи конечно ги собра вардарци: Вардар е Вардар, секој што мисли дека ќе му биде лесно ќе биде изненаден!

Џиџи конечно ги собра вардарци: Вардар е Вардар, секој што мисли дека ќе му биде лесно ќе биде изненаден!

Денес Вардар конечно собра сили со „скрпен“ тим да ги започне подготовките за новата сезона која стартува веќе за викендот.

Најважно за Вардар во овој момент е што клубот успеа да избегне целосна пропаст. Клубот во подмладен состав ќе го води искусниот стратег Никола Илиевски Џиџи, а ќе му помагаат Бобан Грнчаров, Никола Глигоров и Златко Таневски.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Почнуваме доцна, но сигурно нема да излеземе со бело знаме. Многу е важно играчите да бидат здрави и да ги имам сите на располагање, од меч во меч ќе ја подигаме формата. Пелистер е прв ривал и ќе биде тешко затоа што и тие се во незавидна позиција со бодовите“.

„Против Вардар сите сакаат да се докажат и даваат се од себе и даваат максимум без оглед на моменталната ситуација. Вардар е Вардар, а јас ако не верував во овие играчи немаше да бидам така. Сите што мислат дека ќе им биде лесно против нас ќе бидат изненадени“, изјави Џиџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…