Еден од најдобрите ракометари на Вардар во првиот дел од сезоната наредната сезона ќе игра во дресот на германски Лајпциг.
Оваа вест германскиот тим ја потврди на својата официјална страна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Добивам шанса да играм во најдобрата лига во Европа. Моите цели секогаш се високо поставени и сакам со Лајпциг да завршам помеѓу најдобрите пет екипи во Бундеслигата. Се радувам на оваа можност и се надевам дека пандемијата ќе се смири што побрзо за да играме пред навивачи во салите“, изјави Јотиќ.
Сезонава Јотиќ постигна 37 гола за Вардар во Лигата на шампионите, а претходно го носеше дресот на Еурофарм Пелистер, Алборг и ППД Загреб. Сега Вардар ќе биде во потрага по среден бек кој минутажата ќе ја дели со Анте Гаџа.