Хрватскиот гигант Хајдук Сплит се засили со македонскиот фудбалер Јани Атанасов кој беше без клуб по раскинувањето на договорот со турски Бурсаспор.
Атанасов потекнува од Академија Пандев, ап ред две години направи трансфер во Турција. Сега доаѓа во Хајдук, клуб со кој потпиша договор на три години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Го следам хрватскиот фудбал, знам каде доаѓам и колку голем клуб е Хајдук. Кога пристигна понудата од Хајдук разговарав со мојот татко и брзо донесовме одлука да ја прифатам. Трансфрот се реализираше и денес сум тука на „Пољуд“. Во Македонија многу луѓе го сакаат Хајдук, добив многу пораки од навивачи на овој клуб и од Сплит и од Македонија. Слушнав само добри работи“, изјави Атанасов.
Ќе потсетиме летово за Хајдук потпишаа Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ, но тие прво ќе играат за вториот тим на Хајдук.