Дома Трансфер зона Oфицијално: Челзи го доведе голманот на Манчестер Сити

Oфицијално: Челзи го доведе голманот на Манчестер Сити

Искусниот голман Вили Кабаљеро е нов чувар на мрежата на Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 35 годишен чувар на мрежата ги договори условите со „сините“, а во редовите на шампионот од Премиер лигата пристигнува од редовите на големиот ривал Манчестер Сити.

Тој на „Стенфорд Бриџ“ пристигнува како замена за Асмир Беговиќ кој премина во Бурнемоут, а во наредната сезона ќе му биде замена на Тибо Куртоа.

„Среќен сум поради пристигнувањето во Челзи. Се радувам на новиот предизвик и се надевам дека ќе имам многу успех“, изјави Кабаљеро.

Аргентинскиот голман претходните три сезони го носеше дресот на Манчестер Сити, а во кариерата настапуваше уште за Елче, Малага и Бока Јуниорс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…