Пред неколку дена Владо Шчепановиќ поради лошите резултати доби отказ во Партизан, а денес белградскиот тим и официјално за нов тренер го промовираше Сашо Филиповски, заедно со него во стручниот штаб пристигнува и Боби Митев.
Филиповски беше избран пред Александар Џикиќ. Негов помошник ќе биде Боби Митев кој во кариерата го водеше МЗТ Скопје.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Промоцијата пред медиумите на Филиповски ќе биде во петок од 14:00 часот. Во досегашната кариера Филиповски работеше во: Монако, Банвит, Зелена Гора, Унион Олимпија, Локомотив Ростов, Лотоматика Рома, а во ЦСКА Москва беше помошник на Душко Вујошевиќ.
?Sašo Filipovski je novi trener #KKPartizan ??️
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) November 5, 2020
?https://t.co/AABZ0TptVq#ABALiga #7DaysEuroCup pic.twitter.com/LtUrip5gum