Дома Фудбал Oфицијално: Одложен натпреварот на Манчестер Јунајтед

Oфицијално: Одложен натпреварот на Манчестер Јунајтед

Денес стартува 17. коло во англиската Премиер лига.

Сепак, мечот Брентфорд – Манчестер Јунајтед кој беше денес на распоредот ќе биде одложен.  Клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека натпреварот се одложува поради неколку позитивни случаи помеѓу фудбалерите и стручниот штаб.

„Манчестер Јунајтед жали поради непријатностите поради Ковид-19 пред натпреварот со Брентфорд“, стои во соопштението.

За денес се закажани уште натпреварите Норвич – Астон Вила и Лидс – Манчестер Сити и тие ќе бидат одиграни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хајдук пред европски пресврт: Две победи му отворија пат до огромен скок

Максималниот старт во Конференциската лига не носи само бодови: сплитскиот клуб има шанса …