Денес шпанската Ла Лига како и што најавуваше официјално поднесе жалба до УЕФА за постојано кршење на праивлата на финансискиот фер плеј од страна на ПСЖ и Манчестер Сити.
Некое време првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас најавуваше дека ќе биде поднесена жалба, сега тоа и се оствари. Ла Лига ангажирала адвокати од Франција и Швајцарија со цел да започнат административна и правна процедура пред француското законодавство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од Шпанија се жалат дека клубовите финансирани од арапските земји пријавуваат загуби, но истовремено трошат се повеќе пари и така се нелојална конкуренција. Тие сметаат дека не се почитуваат финансиските регулативи на УЕФА.
„Ние сметаме дека ваквите акции се штетни за европскиот фудбал и целиот систем, тие влијаат на пазарот со пари кои не се заработени од фудбалот. Ваквото нерегуларно финансирање не е во согласност со пазарот, ниту има некаква логика“, стои помеѓу другото во соопштението од Ла Лига.