Шкотски Абердин потврди дека Бојан Миовски ќе потпише четири годишен договор откако британските имиграциски органи ќе му издадат работна дозвола.
На Островот Миовски се сели од МТК каде што во изминатата сезона постигна девет гола на 29 натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Го следиме Бојан повеќе месеци наназад и победивме во жестока конкуренција за неговиот потпис. Добиваме одличен напаѓач со предиспозиции да успее во шкотската лига. Без разлика што утре полни 23 години тој е веќе репрезентативец на Македонија која за малку не се пласираше на Светското првенство во Катар. Презадоволни сме што во следните четири години ќе го гледаме во нашиот тим“, порачаа од Абердин.