Шампионот на Германија, Баерн Минхен го потврди најавениот трансфер на Мазрауи.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Десниот бек на Ајакс ќе дојде во Минхен пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со холандскиот шампион на крајот на јуни.




24-годишниот Мазрауи целата своја кариера ја помина во Ајакс откако како осумгодишник дојде во клубот од Амстердам. Мароканецот со Ајакс освои три титули на Холандија, а од претходно беше познато дека кариерата ќе ја продолжи во Минхен.




Така тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман ќе добие уште една опција на десната крилна позиција и достојна замена за Французинот Паварр, кого често го користи како стопер.




Welcome to #FCBayern, Noussair Mazraoui! 👋🔴⚪#MiaSanMia #ServusMazraoui
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) May 24, 2022