Дома Останати Тенис Oткако го освои турнирот во Грција Калин го чека огромен скок на АТП ранг листата

Oткако го освои турнирот во Грција Калин го чека огромен скок на АТП ранг листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски вчера го освои турнирот во Ираклион, Грција со убедлив триумф против првиот носител, па тоа ќе му донесе голем скок на АТП-листата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резултатите од фјучерс-турнирите се регистираат со една недела задоцнување, па така Ивановски на денешната листа е 750. место, но од понеделник го очекува скок од неверојатни 117 позиции и ќе биде на 633. позиција во светот.

Ова ќе биде најдобар пласман за македонскиот тенисер во неговата кариера, а му се предвидуваат уште посветли денови во иднина.

Ивановски нема време за пауза, па од денеска почнува борба по уште една титула на турнир во Ираклион, а во првото коло ќе се соочи против Бен Вајнтрауб од Израел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…