Дома Фудбал Репрезентации Oфицијално: Украина го побара местото на Иран на СП

Oфицијално: Украина го побара местото на Иран на СП

Веќе со недели учеството на фудбалската репрезентација на Иран на Светското првенство е доведено во прашање поради наводната помош на земјата за Русија во тековната војна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најгласен во лобирањето за протерување на Иран е фудбалскиот сојуз на Украина, кој сега и официјално побара исфрлање на оваа азиска земја од Светското првенство во Катар.

И покрај притисокот од Украина, ФИФА остана на својата првична одлука да го задржи Иран во натпреварувањето

Една од причините за овој потег е желбата на Украинците наместо Иран да бидат тие кои ќе влезат на Мундијалот. Но, правилата налагаат во случај на исклучување таа селекција да ја замени само некој од истата федерација. Според информациите тоа најверојатно ќе биде репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.

Фудбалерите на Иран се во групата Б на Светското првенство, заедно со Англија, САД и Велс. Претходно и Италија бараше да го добие местото ако Иран биде исфрлен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…