Дома Трансфер зона Oфицијално: Рома го потврди првото јануарско засилување

Oфицијално: Рома го потврди првото јануарско засилување

Рома денеска го официјализираше трансферот на Оле Солбакен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за одличен норвешки офанзивец, кој игра на позицијата десно крило, а Мурињо имаше можност лично да го скаутира во дуелите со Бодо Глимт во Конференциската лига.

Договорот на Солбакен истекува на 31 декември, па тој официјално од 1 јануари 2023 година ќе биде член на Рома која го доведе без обештетување.

Досега оваа сезона, Солбакен постигна четири гола и додаде осум асистенции на 23 натпревари за Бодо Глимт во сите натпреварувања. Тој не можеше да ја одбие поканата на Мурињо и ова е најголемиот чекор во неговата кариера, откако пред две години Бодо за него плати 65.000 евра.

Оттогаш, тој експлодира, постигнувајќи 20 гола и додавајќи 24 асистенции во 91 натпревар за норвешкиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…