Дома Македонски спорт Мак баскет Oфицијално: Македонската кошарка добива нов дом!

Oфицијално: Македонската кошарка добива нов дом!

0

Денес од кошарската федерација соопштија – македонската кошарка ќе добие нов дом!

Спортската сала „Кале“ ќе биде новиот дом на македонската коашрка каде што ќе се развива спортот и се надеваме ќе се „вадат“ големи имиња во иднина.

„Знаете дека во програмата ставивме дека акцент ќе биде ставен врз обезбедување на услови за младите кошаркари. Денеска е голем ден, добиваме свој дом, јас лично сум презадоволен што како куќа на кошарката добиваме сала што ќе ни биде на располагање 24 часа на ден, 365 дена во годината. Голема благодарност до одговорните лица кои ни излегоа во пресрет. Салата ја добиваме во одлична состојба, а веќе се започнати процеси за реновирање. Потребни ни се нови два коша според ФИБА пропозиции, нов семафор и генерално реновирање, но имаме доволно време да ги средиме сите детали околу тоа. Се надевам дека и во иднина ќе се обезбедат услови за федерацијата комплетно да се пресели во нашата спортска сала.“, изјави претседателот Перо Антиќ.

Освен Антиќ зборуваше и спортскиот директое Тодор Гечевски.

„Голема благодарност до сите кои го овозможија овој момент, салата да дојде во користење на КФСМ. Оваа сала ќе биде исполнета со такви активности, за развој на кошарката, на младинските категории. Во текот на летото имаме голем број на активности со младите репрезентации, а потоа во текот на годината ќе преминеме и на работа на индивидуален план со младите кошаркари. Нема да останат изоставени и снеиорските тимови на кои ќе им биде овозможено да тренираат во кое било време. Кажавме и претходно дека на федерацијата ќе и помагаат тренери од странство со огромно искуство зад себе кои сигурно ќе придонесат за доедукација на нашите тренери.“, додаде Гечевски

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Пред мечот му се случи трагедија, тој излезе на терен и донесе победа за тимот (видео)

Френк Лампард во 2008 година играше против Ливерпул неколку дена откако ја загуби својата …