Таткото на Емилијано Сала, Хорацио денес почина од срцев удар само три месеци после трагичната несреќа во која го загуби својот син.
Оваа вест ја потврди, Хулио Мулер, локални политичар кој за медиумите изјави дека Хорацио Сала починал во текот на ноќта.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„2019 не престанува да не шокира сите во овој град. Во пет часот наутро неговата сопруга беше многу вознемирена. Докторите беа таму, но кога стигнав Хорацио веќе го изгуби животот“, додаде Мулер.
Емилијано Сала трагично почина во несреќата со авионот со кој леташе од Нант кон Кардиф на 21-ви јануари. После приватната потрага од две недели авионот беше пронајден на дното од англискиот канал. Обдукцијата покажа дека Сала починал поради тешки повреди на главата.
Погребот беше одржан во неговиот роден град Санта Де и на истиот присуствуваа повеќе од 3.000 познаници и фанови на Сала.
Сега после само три месеци откако се поздравуваа со Емилијано, семејството Сала сега со тешко срце ќе мора да се прости од уште еден член на нивното семејство.
Tragic news from Argentina: Horacio Sala, father of Emiliano, has died suddenly of a heart attackhttps://t.co/otwHyNU19Y
— Ed Malyon (@eaamalyon) April 26, 2019