Дома Фудбал Италија Oд Џенова одлични вести: Уште петмина го победија коронавирусот

Oд Џенова одлични вести: Уште петмина го победија коронавирусот

Коронавирусот неодамна направи вистински хаос во тимот на Џенова.

Тимот на нашиот Горан Пандев имаше дури 17 позитивни фудбалери и петмина членови на стручниот штаб. Но, сега од ден во ден стигнуваат добри вести.

Имено, Џенова сега соопшти дека од коронавирусот се опоравиле уште петмина играчи и тие ќе се приклучат на тренинзи на својот клуб.

За викендот и натпреварот против Интер за настап ќе може да конкурираат: Матија Дестро, Доменико Кришито, Лукас Ларагер, Давиде Запакоста и Франсеско Касато што сигурно се добри вести.

Овие играчи беа негативни на вирусот на последното тестирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Роси: Рома не нè надигра, пресуди ремек-делото на Кастро

Тренерот на Џенова смета дека неговиот тим долго бил рамноправен на „Олимпико“, но моменто…