Дома Фудбал Oд Островот се најавува промена на ВАР: Дали ќе гледаме уште подолги натпревари?

Oд Островот се најавува промена на ВАР: Дали ќе гледаме уште подолги натпревари?

Според последните најави од Островот ВАР би можел да претрпи промени, а еден од новите предлози е судиите да имаат можност да прегледуваат ситуација и при слободни удари, корнери, жолти картони…Досега ВАР се користеше само при одлуката за црвен картон, офсајд и постигнат гол.

И во ваква ситуација поради проверките на ВАР снимките од страна на судиите натпреварите траат подолго, а сега тие би биле уште повеќе продолжени.

Ваквата информација ја објави британски „Тајмс“, а набрзо таа се прошири и на социјалните мрежи.

Мислењата на јавноста се поделени, има такви кои сметаат дека ова ќе донесе одредени подобрувања, додека другиот дел смета дека натпреварите кои и онака се продолжени би добиле преголеми продолжувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го следи Мохја, но за тинејџерот се интересираат уште пет клуба

Седумнаесетгодишниот офанзивец на Менхенгладбах е на радарот на Ливерпул, Баерн и уште чет…