Дома Фудбал Англија Oвој човек е од челик: Пет месеци игра натпревари со скршен зглоб!

Oвој човек е од челик: Пет месеци игра натпревари со скршен зглоб!

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез веќе пет месеци игра со скршен зглоб.

На него пред пет месеци му настрада зглобот на раката во натпреварот против Челзи, но одличниот мексикански напаѓач не помисли да паузира поради тоа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Повредата ја потврди менаџерот на Вулвс, Нуно Еспирито Санто, меѓутоа Раул едноставно нема намера да застане.

„Има проблеми со зглобот. Дали го скрши? Да, пред пет месеци. Мора да биде вниманателен и максимално да се заштити“, истакна Еспирито Санто.

Хименез вечерва ќе биде во стартниот тим на Вулвс во реванш натпреварот за пласман во Лигата на Европа, англискиот тим од првиот натпревар има предност од 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски испрати емотивна порака до соиграчите: Ми се кине срцето што не сум таму!

Вечерва фудбалерите ги очекува натпреварот против Данска во полуфиналниот бараж за Светско…